Идните пензионери имаат акции во „Сименс“, „БМВ“, „Нестле“... - Слободен печат

Идните пензионери имаат акции во „Сименс“, „БМВ“, „Нестле“…

Двете приватни пензиски друштва што се дел од задолжителното пензиско осигурување во вториот столб – „КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд“ и „Сава пензиски фонд“ минатата година оствариле просечен седумгодишен принос во номинален износ од 5,97 проценти. Кај доброволните фондови – „КБ прв отворен доброволен пензиски фонд“ и „Сава пензија плус“, просечниот принос во номинален износ бил 5,81 проценти.

Приватните пензиски друштва се задоволни од остварениот принос и укажуваат дека тој е поголем од каматите на депозитите во банките. Имено, според последните податоци од Народна банка, во јуни просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесувала 1,41 отсто, при што кај домаќинствата изнесувала 1,38 проценти.

Средствата со кои управуваат фондовите се инвестираат во хартии од вредност и во компании, под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

– Минатата година средствата со кои управува „КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд“ беа инвестирани 71,13 отсто во домашни инструменти (63,67 отсто државни обврзници, 5,39 отсто депозити и 2,07 отсто акции на домашни компании), а 27,18 отсто во странски инструменти – во акции и удели во странски инвестициски фондови преку кои и нашите членови практично имаат сопственост во „Амазон“, „БМВ“, „Самсунг“, „ИБМ“, „Сименс“, „Нестле“ и во многу други познати светски компании. – вели Весна Стојановска, претседател на УО на „КБ прво пензиско друштво“.

Долга е листата што ја сочинуваат и инвестициите на „Сава пензиско друштво“. И таму има вложувања во државни обврзници во повеќе домашни компании, меѓу кои „Алкалоид“, „Фершпед“, „Витаминка“, „Тиквеш“, а инвестиции има и во странските „Новартис“, „Ројал дојл шел“, „Амазон“, „Букинг“…

Прочитај повеќе

Рама отпатува за Берлин на средба со Меркел,во функција на донаторската конференција за Албанија

Слободен печат

Лондон се подготвува в петок да одбележи напуштање на ЕУ

Директорот на СЗО на пат кон Кина поради ширењето на новиот коронавирус

Слободен печат

Откриени администраторот и телефонските броеви на членовите на „Јавна соба”

Слободен печат

НОВА НЕСРЕЌА ВО ИРАН-Се запали патнички авион веднаш по полетувањето

Слободен печат

Израел денеска објави дека за прв пат ќе им овозможи на своите граѓани да патуваат во Саудиска Арабија, под одредени услови.

Слободен печат

Остави Коментар

one − one =

Прочитај повеќе

Застрашувачки снимки од коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Кина нема паника од корона вирусот, тврди српски студент

Слободен печат

Повторно запалени нови контејнери во Скопје (ВИДЕО)

Одекнуваат експлозии околу американската амбасада во Ирак (ВИДЕО)

Слободен печат

Лизгалиште во Зоолошка

Слободен печат

Колариќ: Шилегов можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег, наместо да и ги даде на „Аполоинженеринг“

Слободен печат