Идниот тренер на ПСЖ со сигурност ќе биде Италијанец

твитер

Францускиот тим по завршување на сезоната ќе се раздели со Томас Тухел.

На Германецот Тухел му се ближи крајот во ПСЖ, кавгите со младата ѕвезда Килијан Мбапе но и неубедливите игри на екипата, ги натераа челниците на францускиот тим да донесат конечна одлука за разделба со тренерот на крајот од сезоната.
Можно е Тухел и порано да ја напушти клупата на ПСЖ, доколку „светците“ бидат елиминирани во Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд.

Спортскиот директор Леонардо одлучи иден тренер да биде Итлаијанец и засега само три имиња се во игра.

Прв фаворит на Леонардо е Масимилијано Алегри кој е без работа но се наоѓа на платниот список на Јувентус.

Тој најави враќање на тренерската работа од идната сезона, но ПСЖ се очекува да има голема конкуренција во англиските екипи, пред се Манчестер јунајтед кој сè уште не се одлучил дали ќе тргне по услугите на Маурицио Покетино или Алегри.

Вториот фаворит на Леонардо е Симоне Инзаги кој прави чуда на клупата на Лацио. „Лацијалите“ моментно се втори на табелата во Серија А со само еден бод заостаток во однос на Јувентус, но што е поважно за челните луѓе на ПСЖ, Инзаги преферира офанзивен фудбал.

Третото име во нотесот на Леонардо е тоа на актуелниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари. Тој се наоѓа пог голем притисок од јавноста поради неубедливите игри на „старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот