Идниот бугарски премиер Петков под истрага: Имал двојно државјанство, а не пријавил

кирил петков
Кирил Петков / Фото: МИА

Рокот на проверка на државјанството на поранешниот привремен министер за економија Кирил Петков е продолжен до средината на декември. Се започна кон крајот на август, откако обвинителството беше известено по електронска пошта дека тој има и бугарско и канадско државјанство.

Обвинителството соопшти дека истрагата против Петков трае речиси еден месец по формирањето на владата и еден ден откако Уставниот суд објави дека копретседавачот на „Продолжуваме со промената“, кој е познат и како идниот премиер, имал двојно државјанство на 10 мај кога со претседателски декрет е  именуван за министер. Но, тој изјавил дека има само бугарско државјанство, што, според правниците, значи дека потпишал документ со неточна содржина.

Од обвинителството информираа дека од Уставниот суд ќе бидат побарани сите списи во врска со случајот. Процесот е во тек.

Портпаролот на специјалното обвинителство Христо Крастев за Бугарското национално радио објасни дека продолжувањето е максимално можно и дека треба да се чекаат документи од Антикорупциската комисија, на која – како привремен министер, Петков имал обврска да поднесе изјава за некомпатибилност.

По тој датум, надзорниот обвинител ќе има уште еден месец да каже – дали има или нема докази за сторено кривично дело од Петков, рече Крастев.

Денеска се очекува одговор на истото прашање  во врска со главниот обвинител Иван Гешев. Сигнал против него – повторно во специјалното обвинителство, поднесе вршителот на должноста министер за внатрешни работи Бојко Рашков – за незаконско откривање специјални разузнавачки средства. Истрагата е завршена, рече обвинителот Крастев, но како – ќе биде јасно во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот