Иднината на Земјата е во опасност: Снимки со дрон ги покажуваат штетите врз шумата во Амазонија – Слободен печат
ВестиПланета

Иднината на Земјата е во опасност: Снимки со дрон ги покажуваат штетите врз шумата во Амазонија

Снимките покажуваат хектари на неодамна исечени дрвја, отстранети за да се создаде простор за пасишта.

Новата истрага на групата Милост за животните, преку снимки со дрон го открива огромниот обем на уништена дожновна шума во Амазонија, објави „Комон дримс“.

– Глобалната побарувачка на место ја уништува шумата во Амазонија – вели креаторот Марк Деврис во видео кое ја покажува работата на групата.

Снимките покажуваат хектари на неодамна исечени дрвја, отстранети за да се создаде простор за пасишта.

Според пишувањата на „Комон дримс“, владата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го убрзала процесот на уништување на шумата во Амазонија.

Деврис објаснува дека луѓето ја потценуваат важноста на најважната дождовна шума на планетата и ја сечат со интензитет од илјадници квадратни километри годишно.

– Дождовната шума во Амазонија е фундаментална за екосистемот на планетата и климата. Доколку не ја заштитиме, иднината на Земјата е ставена под знак прашалник – сметаат експертите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close