Иџе разочаран од АМС: Срамно е за институцијата која ме прогласи за најдобар спортист, да ме заборави

Фото: Драган Митрески

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе се пожали дека за 2019 година нема добиено ниту еден денар од АМС. Иџе е запрепастен од фактот што АМС пред пет години го прогласи за „Спортист на Македонија“, а сега токму од од истата инстуција нема добиено ниту еден денар за 2019 година и поради тоа се наоѓа во натпреварувачка пауза.

Поранешниот европски првак на ридски патеки најави дека наскоро ќе излезе на прес-конференција и ќе ги сподели сите детали со јавноста. Ви го пренесуваме писмото на Игор Стефановски-Иџе.

„Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна. Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати.

Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави.

Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа…!!!

Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула?

Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти. Повеќе детали за односот на АМС кон мене и мојот тим наскоро на прес-конференција“, стои во писмото од Стефановски објавено на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот