Иџе: Не можеме ништо против судиите!

facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Македонскиот возач имаше многу добри перформанси во текот на квалификациите, но и во двете трки каде што малку недостасуваше да дојде до Топ 3 позициите.

Но, самите инциденти на патеката со останатите ривали и неочекуваните казни од судиите спречија нашиот Иџе да има висок пласман во Италија.

Се огласи и нашиот возач на Фејсбук истакнувајќи дека судиите го имаат последниот збор, но и се заблагодарува на поддршката на неговите фанови.

– За жал не можеме ништо против одлуките на судиите, тие го имаат првиот и последниот збор. Сакам да се заблагодарам на луѓето кои беа овој викенд со мене, мојот тим кој направи се за да имам возило подготвено за подиум. Моите спонзори без кои ова не би било возможно, луѓето од мојот клуб кои дават се од себе да ги имам сите потребни услови. Но, за жал сепак други одлучуваат за пласманот иако требаше двапати да сме на пиедестал тоа сепак не се случи. И фала на сите за огромната подршка која ми ја давате, се надевам не ве разочарав. Се гледаме во Македонија! – беа зборовите на Иџе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот