Иџе „брмчеше “ по скопските улици за лекарите, полицајците, пожарникарите… (ВИДЕО)

принтскрин

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе денеска како знак на поддршка за најголемите борците протов коронавирусот, „брмчеше“ низ скопските улици.

Иџе со својот автомобил „грмеше“ низ празнице улици од Лисиче до Влае под мотото  ,,ќе брмчи Иџе“ како поддршка за луѓето кои секојдневно се борат со коронавирусот, како здравствените работници, полицајчи, пожарникари, војници…

– Се соочуваме со зло односно со мигови, кои би сакал никогаш да не се повторат. Никогаш повеќе да не бидат празни улиците низ градовите на нашата држава. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани, кои се нашите херои во овој период, со својот придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка – изјави Иџе.

Publiée par Igor Idze Stefanovski sur Lundi 25 mai 2020

„Перформансот“ на Иџе беше бурно поздравен од граѓаните кои излегоа на балконите да му дадат поддршка на Иџе како и на вистинските херои во овие тешки времиња.

Се спремаме ??

Publiée par Igor Idze Stefanovski sur Lundi 25 mai 2020

Иџе исто така се сретна со министрите за здравство и внатрешни работи, Венко Филипче, односно Наќе Чулев, на кои им подари маици на кои беше напишано „Херои“.

Publiée par Igor Idze Stefanovski sur Lundi 25 mai 2020

Publiée par Igor Idze Stefanovski sur Lundi 25 mai 2020

Publiée par Igor Idze Stefanovski sur Lundi 25 mai 2020

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот