Иџе административно скокна едно место и сега е втор на трката во Имола

фото: Фејсбук/Игор Стефановски Иџе

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе кој на денешната трка во итлаијанскиот ТЦР шампионат на патеката Имола го освои третото место, неколку часа подоцна напредуваше за една позиција.

Најнова вест!!!!!!Иџе со 2 ??место на трката во Имола ? Мамааааааа миаааа……. ????????? гранде Мачедоне

Publiée par Igor Idze Stefanovski sur Dimanche 30 août 2020

Иџе трката ја заврши зад италијанците Салваторе Тавано и Дамијано Редуци, но откако стујардите на трката му изрекоа казна на победникот, Редуци е нов победник, а Стефановски сега е второпласиран.

Редуци во финишот на трката имаше дуел со Тавано по кој стујардите проценија дека треба да да биде санкциониран и на крајот остана без победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот