Идеологот на Путин, Дугин, со порака: Романија ќе стане дел од Русија, Европа може да падне, границите се менуваат

Александар Дугин принт скрин Јутјуб

Рускиот идеолог Александар Дугин, познат како „идеологот на Путин“, наводно објавил порака на социјалната мрежа Х во која тврди дека „Романија наскоро ќе биде дел од Русија“.

Иако налогот  на X го носи неговото име и фотографија, не е потврдено дека му припаѓа на Дугин. Сепак, Министерството за надворешни работи на Романија остро одговори на соопштението.

Портпаролот на министерството, Андреј Тарнеа, за романската Хот њуз објасни зошто реагирале на ИКС налогот  за кој официјално не е утврдено дека му припаѓа на Дугин:

„Сакавме да го спречиме ширењето на токсична изјава, без разлика дали е автентична или не. Ваквите изјави станаа вирални на социјалните мрежи во Романија, па сметавме дека не смееме да останеме  без реакција“, рече портпаролот.

Еве како гласи пораката на ИКС налогот што се поврзува со Дугини:

„Каде можат да избегаат вокистите и демократските елити од САД? Канада? Израел? Лондон, Париз, Дубаи? Можеби Молдавија? Но Молдавија наскоро ќе биде дел од Романија. А Романија ќе биде дел од Русија“.

принтскрин ИКС

Тој подоцна додал: „Можеби Австралија или Нов Зеланд, се побезбедни места засега. Европа може да падне или да заврши во рацете на десничарските популисти“.

 

Дугин и политичкиот наратив во Романија

Александар Дугин е познат по своите контроверзни ставови и блиски врски со Кремљ. Ја промовира идејата за евроазиски супердржавен блок како противтежа на американската хегемонија. Тој неодамна го пофали Калин Гиорџески, проруски политичар, потенцијален претседател на Романија, тврдејќи дека неговиот избор би бил позитивен затоа што се противи на прогресивизмот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин EPA-EFE/KRISTINA KORMILITSYNA / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Путин за  изборите во Романија

Рускиот претседател Владимир Путин иронично ја коментираше одлуката на романските власти за пребројување на гласовите по изненадувачката победа на прорускиот кандидат Георгеска во првиот круг од претседателските избори.

„Еден кандидат не им одговараше, па решија да го повторат пребројувањето на гласовите“, изјавил  Путин за изборите во Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот