Идентификувана последната жртва во уривањето на облакодерот во Мајами

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Конечниот број на загинати при уривање на станбена зграда во Мајами е 98 лица, потврди градоначалникот на округот Мајами-Дејд откако беа пронајдени и идентификувани останките на последната жртва, која сè уште се водеше како исчезната.

Останките од последната жртва ги пронашла екипа за спасување на 20 јули, по што форензичарите се обиделе да ја идентификуваат, соопштија официјалните лица.

Потрагата по жртви во урнатините на станбен комплекс во предградието на Мајами заврши минатиот петок.

Градоначалничката Даниела Левин Кава на прес-конференција рече дека операцијата за спасување и потрагата по жртвите е „најголемата акција за итни случаи во државата.

„Денес можам да кажам дека е идентификувана последната жртва и дека семејството е известено“, додаде таа.

Откривањето на останките од последната позната жртва потврди дека при уривањето на зградата на 24 јуни загинаа 98 жртви рано изутрината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот