Идентификуван мажот кој се удави во Охридското езеро

Фото: mia.mk

Вчера утро во 07,30 часот во СВР-Охрид, Б.П.(34) од Скопје пријавил дека во водите од Охридското езеро на ул.„Кеј Македонија” кај малото пристаниште забележал тело.

Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот