Идентификуван е младиот кумановец Рамадани, чие тело беше извлечено од Вардар

Автомобил падна во Вардар/Фото: МИА

Идентификувано е телото кое претпладнево беше пронајдено во водите на реката Вардар. Се работи за Ердон Рамадани, 22 – годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар, од мост кај селото Желино.

– По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото – информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По Рамадани се трагаше изминатите пет дена, а телото беше пронајдено од тетовските полицајци, кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

– Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови. Длабоко сочувство до семејството – порача преку социјалните мрежи Блерим Сејдуи, градоначалникот на Желино.

Во потрагата учествуваа повеќе институции, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот