Идентични триумфи на скопските и тетовските „црвено-црни“

Екипата на Вардар со 3:1 ја совлада Беласица, додека Шкендија во дебито на колото славеше на готувањето кај Пелистер.

Во дербито на колото, лидерот на табелата Шкендија брзо го преболи поразот од Тотенхем во квалификациите за ЛЕ и во Битола го совлада Пелистер со 1:3.

Битолчани поведоа со голот на Танушев уште на самиот старт од средбата во петтата минуга, но до крајот на полувремето Ахмети во 23 минута носи израмнување.

Победникот беше одлучен во второто полувреме, прво Дориев во 69. минута ја носи Шкендија во водство, а конечниот резултат го постави Ибраими на четири минути до крајот.

Екипата на Вардар забележа релативно лесна и убедлива победа од 3:1 над Беласица. По само 20-тина минути игра, скопските „црвено-црни“ веќе водеа со 2:0 благодарение на головите на Мирчевски и Петровиќ. Во вториот дел, прво струмичани намалија на 2:1 преку Да Силва во 55. минута, но победата и трите бода за Вардар ги завери Петковски на 11. минути до крајот на средбата.

Прочитајте и...  Четворица фудбалери на Барселона добија нови договори, Пике му го сврте грбот на Меси

Македонија ЃП славеше со 1:3 на гостувањето кај Ренова и дојде на делба на второто место на табелата. Петров, Емини и Воша стрелаа за Македонија ЃП, додека Гавазај го постигна почесниот гол за Ренова.
Екипата на Шкупи претрпе пораз од 2:0 на гостувањето кај Струга Трим Лум, додека Академија Пандев со миминални 1:0 го совлада Силекс.
Резултати 7. коло:
Пелистер – Шкендија 1:3
Вардар – Беласица 3:1
Ренова – Македонија ЃП 1:3
Струга ТЛ – Шкупи 2:0
Академија П. – Силекс 1:0
Борец – Работнички 0:0

ТАБЕЛА: Шкендија 17, Шкупи 13, Македонија ЃП 13, Борец 12, Струга ТЛ 11, Силекс 10, Работнички 10, Вардар 10, Пелистер 9, Академија Пандев 6, Ренова 5, Беласица 0.

Прочитајте и...  Куп: Вардар и Работнички елиминирани, Шкендија во четвртфиналето

Поврзани вести

Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Слободен печат

Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Слободен печат

Обложувалниците го предвидуваат новиот шампион во Лига Европа!

Слободен печат

Порто оптимист дека може да ги освои бодовите во Скопје!

Слободен печат

Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Слободен печат

Куп: Вардар и Работнички елиминирани, Шкендија во четвртфиналето

Слободен печат

Остави Коментар