Идентични близнаци направиле експеримент со исхраната и добиле неверојатни резултати: Едниот бил веган, а другиот јадел месо!

Се повеќе луѓе преминуваат на исхрана базирана исклучиво на растителни производи, но постојат бројни полемики поврзани со веганството. Многумина се прашуваат дали организмот може да функционира без внес на намирници од животинско потекло, како што се протеините.

Токму поради тоа, близнацита Хуго и Рос Турнер одлучиле да учествуваат во еден експеримент и да им покажат на сите колку исхраната може да влијае на нашето здравје, но и физичките карактеристики на телото.

Хуго 12 недели практикувал веганска исхрана, а Рос секојдневно внесувал големи количини на месо. Внесот на калории требал да биде изедначен, а освен тоа близнаците редовни иделе во теретана и имале тренинзи од 5 до 6 пати неделно.

Експериментот траел три месеца, а за време на овој период стручњаците го прателе напредокот на двајцата браќа, редовно им ги мереле килограмите, нивото на холестерол, како и процентот на масти и мускули во телото.

После три месеци дошол момент да се сумираат резултатите, а дури и стручњаците биле изненадени од големата разлика во нивниот физички изглед.

Хуго на почетокот од експериментот имал 83,9 килограми, а процентот на масти му бил 13%. После три месеци неговата тежина изнесувала 82,1 килограми, а процентот на масти се намалил на 12.

„Мојот ментален фокус беше многу подобар додека бев на веганска диета. Не чувствував попладневен пад на енергија“, раскажал Хуго и додал дека неговото ниво на холестерол се намалило.

Рос имал потполно поинакви резултати. Стручњаците брвобитно му измериле 79,4 килограми, а после три месеци тој имал 85,7 килограми. Тој за 12 недели успеал да добие 4,5 килограми мускулна маса.

Освен тоа, научниците заклучиле дека процентот на масти се подигнал од 13 на 15%, а нивото на холестерол било непроменето.

Овој ефект на диетата изненадил многумина, но стручњаците напоменуваат дека за подобрување на резултатите експериментот сепак би требало да трае најмалку 6 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот