ИДЕЈА ЗА СОВРШЕН ПОЈАДОК: Бруската по оригинален италијански рецепт – Слободен печат
ЕспресоХрана

ИДЕЈА ЗА СОВРШЕН ПОЈАДОК: Бруската по оригинален италијански рецепт

Брускетата е една од најпознатите италијански мезиња, која „на голема врата“ (и заслужено) влезе во европската кујна. Сега, сè почесто се служи и како појадок.

Наједностваниот рецепт вклучува леб, домат, маслиново масло, босилек и лук: состојки чии бои и вкусови доведуваат до максимално задоволство и за очите и за непцето.

Многу гастрономски трибини се воделе на тема каде и како настанала брускетата. Но, до конкретни информации за тоа во кое време е измислена, не дошло, а со сигурност се знае дека местото на нејзиното „раѓање“ е на територија помеѓу Тоскана и Лацио.

Денес, постојат многу видови на брускети кои се разликуваат едни од други според различниот вид на употребени намирници. Но, како што обично „бива“, највкусната е онаа која се подготвува по наједноставниот, односно првичниот рецепт, позната како „класична брускета“.

Ваквата:

Тостирана или потпечена кришка леб, врз која се трие чешне лук, па потоа се наросува квалитетно маслиново масло. Се редат исекчани парчиња домат, па врз нив, се наросува сол и прстофат оригано. Потоа, повторно се наросува маслиново масло и на врвот, на крајот, се додаваат две три ливчиња свеж босилек.

Инаку, денес може брускетата да ја подготвите и со микс на солени и благи состојки, а особено се популарни брускетите со смокви кои ги заменуваат доматите во комбинација со пршута. Секако, вистинска уживанција се и брускетите подготвени со моцарела, модар патлиџан, печурки, па и со морски плодови.

Фото Фејсбук
Фото Фејсбук

Иснпирирајте се од овие наши предлози за совршена брускета по италијански рецепт.

View this post on Instagram

BRUSCHETTAS 🍞🍅🧀 o un pan tostado con cualquier cosa que nos guste arriba. Casi que puedo vivir a esto 🤩 No es una receta. Y las variantes son infinitas ♾ ~ La tablita es de @deboisconcept y es la que uso para budines 😉 (porque vieron lo difícil que es encontrar algo rectangular y angosto para servir un budín?) ~ Para el Brunch de Primavera de @almasingerblog con @horneandoalgo hicimos dos: ~ JAMON CRUDO con queso crema mezclado con ciboulette, sal, pimienta, oliva y tomillo. TOMATE y ALBAHACA, más clásica imposible ~ Y uds, tienen alguna preferida? Dejen sus ideas abajo 💡👇🏻 así armamos una #BruschettaFest 💥 – #bruschetta #pan #tomate #jamoncrudo #brunch #primavera #almasinger #brunchdeprimavera #picada #picadas

A post shared by Paula Montenegro ~ Pastelera (@paulampics) on

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close