Идеи за прв состанок на кој ќе може да се „покажете“ според вашиот хороскопскиот знак

дневен хороскоп
Фото: Profimedia

Најтешкиот дел од состанувањето и потрагата по љубовен партнер не е првата прегратка, првиот бакнеж или преправањето дека не си „прочепкал“ сè по социјалните мрежи, туку првиот чекор. Еве неколку идеи за вашиот првиот состанок базирани според Зодијакот.

Овен

Ако сте припадник на овој хороскопски знак ќе сакате да се покажете дека сте забавни и возбудливи преку физички активности во кои сте добри. Размислете за натпревар, кошарка, тенис, пливање или слично.

Бик

Вечера во ново-отворениот ресторан со декадентно и вкусно мени. Ако не сте гладни, тогаш одете во некој тренди бар каде ќе може да бидете импресивни со вашето знаење за освежителни коктели.

Близнаци

Бидејќи ќе сакате да разговарате со вашиот потенцијален партнер, важно е да најдете тивко место каде што ќе ви го дозволи тоа. Пикник во парк е одлична идеја затоа што од една страна е многу интимно, но од друга страна дозволува и друг тип на рекреативни активности.

Рак

Обрнете внимание на вашата сентиментална страна и однесете го потенцијалниот партнер на поетско читање. Не се воздржувајте од плачење и смеење! Бидете смели и покажете ја вашата длабока емоционална природа.

Лав

Целиот свет е сцена, па затоа одете на некој културен настан. Одличен избор е некоја театарска претстава, но и караоке е секогаш одлична идеја.

Девица

Прескокнете ги клишеата на романтичните состаноци и одете на час по готвење. Супер начин е да ги прескокнете сите празни муабети и плус ќе бидете практични заедно. Плус ќе може да дознаете дали знае и колку знае да готви вашиот потенцијален партнер.

Вага

Однесете го потенцијалниот партнер на вечера во ресторан толку нов, што сè уште нема стекнато репутација или во клуб кај што се дел од ВИП сцената, организирајте состанок каде што ќе може да се покажете на добар начин.

Скорпија

Наместо да одите во некое здодевно кафуле, однесете го потенцијалниот партнер на танцување. Ќе создадете длабока конекција веднаш, гледајќи се еден со друг во очи цела вечер.

Стрелец

Вие сакате авантура, а нема ништо пострашно и поризично од забавен парк во град. Може да одбрете некој забавен парк и да уживате во адреналинските атракции, да јадете шеќерна волна и секако да флертувате.

Јарец

Сите знаеме дека сте „свесни за парите“ па затоа е можеби добро да отидете на состанок за време на „happy hour“. Така ќе може да се „зближите“ побрзо преку поволната понуда на алкохолни пијалаци.

Водолија

Бидејќи ги сметате пријателите како семејство и им верувате на нивните мислења, единствена опција да си кажете „мечка страв, мене не страв“ е да го поканите потенцијалниот партнер на забава организирана од пријател или само на групна дружба.

Риби

Прошетка низ музеј не само што ќе ве инспирира туку ќе ви отвори и кул теми за разговор, додека стигнете на кафе ќе почнете и да се шегувате заедно, пишува „Cosmopolitan“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот