Идеи за подароци според хороскопските знаци

Мал астро водич за роденденски подароци или пак, подароци за посебни пригоди, според хороскопските знаци.

Каков подарок да одберете според хороскопскиот знак? Еве што ве советуваат ѕвездите.

Овен

За претставниците на знакот Овен, карактеристични по страста, нема поубав подарок од часови по танго. Уплатете курс по танго за вашиот Овен и ќе биде пресреќен/а.

Бик

Биковите се супер домаќини. Најдобар подарок за Бикот е корисен апарат за домаќинство или сет за готвење.

Близнаци

Близнаците сакаат да откриваат нови нешта, но сакаат и да читаат. Одлична книга може да биде вистинскиот подарок за нив, но обидете се таа да е редок примерок или енциклопедија.

Рак

За емотивните Ракови идеалниот подарок ќе го најдете во антикварница. Но, одлично ќе поминете и со вечера во рибен ресторан.

Лав

Лавовите се многу пребирливи и ги сакаат скапите подароци. Затоа, не штедете за нив кога е во прашање подарокот – бела техника или златна гравирана плочка.

Девица

Родените во знакот на Девица ги сакаат практичните подароци. Ќе се израдуваат на некој практичен гаџет, но добро ќе поминете и со книга со стручна содржина која нив ги интересира.

Вага

Родените естети многу внимаваат на изгледот, па подарокот треба да биде елегантен – софистицирано парче облека, чевли, а може и скап парфем.

Шкорпија

Родените во знакот на Шкорпија ја сакаат мистеријата и црната боја. Идеален подарок за нив би бил долна облека во црна боја, а добро ќе поминете и со книга за мистерии.

Стрелец

Ако баш не можете да им подарите патување, барем викенд- патување, тогаш добро ќе поминете и со некаква амајлија.

Јарец

Не мислете се двапати за подарок за Јарците, и мажите и жените би сакале уште еден пар чевли.

Водолија

Билокаква техника е добредојдена за Водолиите, а доколку се работи за жена, уплатете и фризерки козметички или спа третман.

Риби

Без размислување одберете некаков уметнички подарок, слика, фреска, скулптура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот