Идеалниот тенисер според Надал: Бекендот на Ѓоковиќ, форхендот на Федерер… (ВИДЕО)

твитер

Шпанецот во разговор за порталот „Спорт 360“ го избра идеалниот тенисер.

Надал од новинарите на порталот доби задача да го направи идеалниот тенисер. Интересно е што прво го одбра бекендот и тука изборот падна на неговиот најголем конкурент, Новак Ѓоковиќ.

– Новак со бекендот се брани многу добро, исто така тоа е негово моќно офанзивно оружје. Бекендот на Новак има многу можности – вели Надал.

При изборот на тенисер со идеален форхенд, Шпанецот немаше дилеми, го избра Федерер.
– Федерер со неговиот форхенд е во можност да го удри топчето многу рано, да создаде винери од секоја позиција. Има многу можности – смета Надал.

Освен форхендот и бекендот на Федерер и Ѓоковиќ, Надал од останатите тенисери го зема и следново: борбеноста од самиот себе си, Сервисот од Иво Карловиќ, брзината на Гаел Монфилс, ставот кон тенисот од Давид Ферер, физичката подготвеност од Доминик Тим. Шпанецот исто така додаде дека Енди Мареј е играч со најдобар избор на удари, а Федерер е тенисер со најдобра визија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот