Идеална за тропските температури: Сочна и кремаста торта со диња! (РЕЦЕПТ)

Искористете ја сезоната на ова сочно овошје и направете десерт кој ќе ви обезбеди доволна количина на шеќер, а воедно и ќе ве разлади

Ќе ве освои вкусот на оваа торта која е готова за речиси 15 минути.

Потребно ви е:

– 1 кг исчистена диња
– 2 пудинга од ванила
– 500 мл слатка павлака
– 400 гр бисквити

За декорација:

– 2 реда чоколадо за готвење
– 200 грама исецкана диња на помали кришки

Подготовка:

Исецкајте ја дињата на коцки и изматете ја со рачен пасатор, па во добиената каша од диња додадете пудинг од кесичка, кој не се вари, и се мешајте уште 3 минути.

Посебно изматете ја павлаката, па половина од изматената слатка павлака додадете ја во филот од дињи и мешајте додека да се соедини.

Во плех наредете ги кексите, па преку нив ставете 1/3 од филот од дињи.

Преку тоа ставете 1/2 од изматената слатка павлака, а преку слатката павлака уште еден ред бисквити, фил од диња и на крајот повторно ред слатка павлака.

За декорација изрендајте чоколадо или исецкајте кришки диња и наредете ги по желба.

Откако ќе завршите со се, оставете ја тортата во фрижидер на неколку часа, за бвискивите да омекнат и тортата доволно да се олади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот