Идеална сегашност, страшно минато: Продавала дрога на 16 години, а денес е милијардерка

Ако на Инстаграм ја заследите русинката Елена Перминова, ќе се запознаете со идеалниот живот што го живее. Има три прекрасни деца, бајковито секојдневие, луксузни недвижности, скапоцени автомобили и сопруг милијардер. Но минатото на Елена не било воопшто идеално.

Instagram

Kако дете живеела во Сибир во голема сиромаштија, а потоа на 16 години го напуштила семејниот дом и нашла момче со кое за кратко време западнала во големи проблеми.

Ја фатиле како продава дрога во ноќен клуб, по што завршила во затвор. Дилерот кого Елена го предала и се заканувал со смрт, а во Русија не постои заштита на сведоци, па била осудена на 6 години затвор.

Instagram

Токму тогаш започнува среќниот дел од нејзината приказна. Нејзиниот татко некако дошол до Александер Лебедев, поранешен член на КГБ и милијаредер. Лебедев тогаш како член на парламентот работел на донесување закон за заштита на сведоци.

Инстаграм

Неколку години подоцна, меѓу Елена и 27 години постариот милијардер се родила љубов, а оттогаш таа го нарекува нејзин ангел чувар.

Инстаграм

Елена е денес стилска икона и може да се види скоро на секоја престижна ревија.

Завршила економија во Москва, а дури и се сликала за „Плејбој“, за што многумина и замериле, иако таа повеќепати истакнала дека никогаш не се срамела од ништо.

Инстаграм

Брачниот пар Лебедеви дефинитивно е нетипичен кога станува збор за финансиите што ги поседуваат. Не сакаат да се фалат со својот луксузен живот, а најмногу сакаат да одат на семејни патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот