Идеална посна вечера: Потпечена палента со компири

profimedia

Состојки:

половина килограм компири
400 гр. пченкарно брашно
половина шолја масло
сол по вкус

Подготовка:

Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на помали парчиња, па варете ги во посолена вода петнаесетина минути. Кога ќе се сварат компирите, во водата ставете масло и пченкарно брашно и варете 15 минути постојано мешајќи.

Сварената палента тргнете ја од ринглата и кога ќе се излади, распоредете ја во калап за проја, израмнете ја одозгора и запечете ја во рерна на 200 степени околу пет минути да се направи кора.

Запечената палента послужете ја топла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот