Идеален новогодишен подарок: Вработени во „Тесла“ ќе го возат првиот „модел 3“ произведен во Кина

Фото: EPA-EFE/WU HONG

Петнаесет вработени во компанијата се првите луѓе кои добија „модел 3“ произведен во Кина, а според генералниот менаџер на „Тесла Кина“ Ванг Хао, во следниот период уште работници ќе добијат исти возила.

Компанијата која произведува електрични автомобили „Тесла“ на американскиот милијардер Илон Маск ја отвори првата фабрика во Шангај пред само една година. Сега, започна да произведува автомобили за нивните клиенти, пишува Си-Ен-Ен.

Петнаесет вработени во компанијата се првите луѓе кои добија „модел 3“ произведен во Кина, а според генералниот менаџер на „Тесла Кина“ Ванг Хао, во следниот период уште работници ќе добијат исти возила. Следствено, „вистинските“ купувачи кои имаат нарачано возила од компанијата ќе ги добијат своите во текот на следниот месец.

Компанијата на Илон Маск ја отвори фабриката во Шангај со цел да го прошири својот бизнис, за да произведе повеќе автомобили и подобро да се претстави пред корисниците во Кина. Се верува дека кинеската фабрика ќе ги намали и трошоците за производство.

Засега, „модел 3“ на „Тесла“ произведен во Шангај чини 355.800 кинески јуани (51.000 американски долари), што е за 2 отсто поефтино од увезените модели. Купувачите на локално произведените автомобили исто така ќе можат да ги искористат субвенциите на владата во вредност од речиси 3.500 американски долари за купување на електрични возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот