ИДЕ ЗИМА, НЕВЗАТ БЕЈТА сам си копа компири во нива (ФОТО)

Фејсбук

Поранешниот градоначалник на Гостивар и актуелен подпретседател на ДУИ, Невзат Бејта, никогаш не криел дека е љубител на природата. Но, со последната слика објавена на социјалните мрежи, Бејта докажа дека знае да работи и на нива, па дури и да одгледува компири.

На фотографијата објавена на неговиот официјален профил на Фејсбук, Бејта се гледа како со копач ја обработува почвата, а притоа вади и компири.

Објавената фотографија од Бејта е проследена и со коментар, односно филозофски цитат на Анаксагора: „И најплодната почва доколку не се култивира, ги произведува најдивите трња“.

Фејсбук/Невзат Бејта
Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот