„Иде нова година, иде и нова љубов, знам“: Павле Камилоски ги изненади обожавателите
Пејачот Павле Камилоски пријатно ги изненади своите обожаватели со песната насловена „Иде Нова Година“. Во еден од најубавите периоди во година кога новогодишната еуфорија се повеќе расте, пејачот објави музичко издание кое дополнително ќе ја разубави празничната атмосфера во сите домови.
Веселите ѕвона, дечињата кои пеат во хор дополнително создаваат хармонија која за момент ќе ве „однесе“ светот на новогодишните желби и радости.
Песната, е на Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот на Ксенија Николовска, додека малите славејчиња се од детскиот хор „Крешендо“ под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска, ја внесоа.
„Иде Нова Година“ не е само обична песна, туку и потсетник дека Новата Година е време на нови почетоци, нови надежи и соништа кои се остваруваат.