ИД презеде одговорност за нападот во Кабул

Кабул Авганистан талибанец талибанци
Талибанец во Кабул, Авганистан / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Исламска држава презеде одговорност за бомбашкиот напад врз комбе што превезуваше патници во Кабул, при што загина една жена, а три лица се повредени.

Тоа е втора експлозија за две дена во Кабул, каде расте загриженоста за безбедноста воочи Рамазан Бајрам, што денеска, првпат по 20 години, ќе биде одбележан под власта на талибанците.

Пред два дена настрадаа повеќе од 50 луѓе во силна експлозија во џамија во Кабул. За нападот сè уште никој нема преземено одговорност.

ИД презеде одговорноста за неколку бомбашки напади во изминатите недели, особено ние насочени кон шиитските и суфиските малцински заедници во Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот