ИД повикува да се напаѓаат Евреи и еврејски населби

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Гласот на снимката вели дека ИД планира „договорот на векот” да не успее, мислејќи на мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп.

Џихадистичката организација Исламска држава наводно апелира на своите борци и муслиманите да напаѓаат Евреи и еврејски населби, се слуша во аудио снимка објавена денеска, за која се наведува дека е гласот на портпаролот на ИД, Абу Хамза ал-Кураиши.

Гласот на снимката вели дека ИД планира „договорот на векот” да не успее, мислејќи на мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, кој како што се очекува, ќе биде претставен во текот на денешниот ден.

Според некои западни медиуми, не може да се потврди идентитетот на говорникот на снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот