ИД е виновна за серијата експлозии во Шри Ланка

фото EPA-EFE/STRINGER

Терористичката група, таканаречената Исламската држава денескаоткри дека стои зад катастрофалните самоубиствени напади од неделата врз цркви и хотели во Шри Ланка, во серијата од експлозии на Велигден кога загинаа повеќе од 320 луѓе.

„Оние кои го извршија нападот насочен кон членовите на коалицијата предводена од САД и христијаните во Шри Ланка завчера, се борците на групата на Исламската држава“, се вели во соопштението објавено од новинската агенција на оваа терористичка организација Амак.

Не објавија никакви понатамошни докази за тврдењето, а во својата следна подолга официјална изјава, групата даде псевдоними, но не и целосни имиња на седумте напаѓачи, за кои вели дека биле инволвирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот