Ибраими: Можеме да го елиминираме Дуделанж!

Фото: kfshkendija.com

Денеска на прес конференцијата во Луксембург сити тренерот на Шкендија Ќатип Османи и фудбалерот Агим Ибраими ги споделија очекувањата во пресрет на утрешната реванш средба од 2. квалификациско коло на Лига Европа против Дуделанж.

Потсетување дека на првиот дуел во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“, Дуделанж триумфираше над македонскиот шампион со 1:2.

Фото: kfshkendija.com

Тетовските „црвено-црните“ знаат дека имаат тешка, но не е и невозможна задача. Веруваат и се надеват дека можат да ја анулираат негативата од првите 90 минути и се пласираат во третото коло каде што најверојатно чека Номе Калју.

– Го анализиравме првиот меч каде што не реализиравме многу шанси, но среќата не беше на наша страна. Ништо не е загубено. Работевме изминатиот период на ниво со цел да победиме, свесни сме за важноста на овој дуел. Треба да бидеме смирени. Потребен ни е брз гол особено на стартот од мечот, што би ни дал уште поголема самодоверба. Имаме квалитетни играчи, индивидуалци кои знаат да го решат натпреварот. Ривалот има предност, но и ние имаме свои сметки за пласман во следното коло. Не очекувам да има многу промени во составот – вели тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

фото: ФК Шкендија

Еден од најдобрите играчи на екипата, Агим Ибраими кој досега ги реализираше сите три гола на екипата ова европско лето, и тоа од пенал, но загрижува податокот што веќе три натпревари по ред нема погодок од игра.

– Ние сме професионалци, ништо не е готово. Мислам дека нашето искуство треба да ја направи разликата. Виде и противникот дека демонстриравме добра игра, но резултатот игра клучна улога. Дојдовме со увереност, смирени, владее добра атмосфера и не се сомневам во наш триумф. Мораме да ја завршиме задачата на теренот. Ако ги исполниме задачите кои ќе ни бидат дадени од стручниот штаб, тогаш ќе доминираме во играта. Нормално, не е добро кога немаме гол од игра, но во вакви натпреварувања не е важно дали ќе реализирате од пенал или слободен удар, важно е да се пласирате во следното коло. Имавме многу шанси, верувам дека на реваншот реализацијата ќе дојде. Лично верувам дека можеме да се најдеме во третото коло – се зборовите на А. Ибраими.

Дуелот Дуделанж-Шкендија ќе се игра во вторник (30 јули) со почеток од 17.55 часот, а главен судија на стадионот „Жози Бартел“ ќе биде Велшанецот Ајвен Арвел Грифит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот