Ибраими и донесе триумф на Шкендија

фото: ФК Шкендија

Македонските екипи продолжуваат со контролните натпревари пред настапот во квалификациите за ЛШ и ЛЕ со половичен ефект. Шампионот Шкендија со 1:0 ја совлада екипата на Жилина од Словачка, додека Академија Пандев доживеа убедлив пораз од 1:4 од албанскиот тим Теута.

Стрелец на единствениот гол за Шкендија беше македонскиот репрезентативец Бесарт Ибраими во 39. минута и покажа дека ќе биде големо засилување за шампионот откако поголем дел од минатата сезона пропушти поради повреда.  Шкендија во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите ја очекува естонскиот Номе Калју.

Претставникот во Лигата на Европа, Академија Пандев доживеа убедлив пораз од 1:4 од албанскиот тим Теута. Единствениот гол за А. Пандев го постигна Дориев, додека Бушиќ на два пати и по еднаш Калаку и Бечас погодија за Теута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот