Ибрахимовиќ по освојувањето на титулата во Серија А ќе открие дали оди во пензија

Златан Ибрахимовиќ// фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ одлуката околу неговата кариера ќе ја објави по одигрување на последниот натпревар во Серија А, в недела против Сасуоло на кој со евентуална победа „росонерите“ ќе ја освојат титулата, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на Ибрахимовиќ истекува на крајот од сезоната и засега не е познато дали ќе ја продолжи кариерата во Милан или во друг клуб или пак ќе замине во пензија.

Медуимите шпекулираат дека доколку одлучи да оди во пензија, Ибрахмовиќ би можел да стане директор на Милан.

Швеѓанецот во Милан се врати во 2020 година и минатата сезона успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, додека сезонава „росонерите“ се на чекор од освојување на титулата во Серија А, која би била прва по 11 години.

На едно коло до крајот на сезоната, Милан и лидер на табелата со 83 бода, два повеќе од Интер и в недела против Сасуоло му е потребен само еден бод за да ја освои титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот