Ибрахимовиќ: Јас сум минато, сегашност и иднина

Фото: EPA-EFE/Jonas Ekstromer/

Залтан Ибрахимовиќ се враќа во репрезентацијата на Шведска и на 42 години, за напаѓачот на Милан ова е прв повик по враќањето од повредата на коленото поради која паузираше цели 14 месеци.

Ибрахимовиќ за викендот беше стрелец на единствениот гол за Милан во поразот од Удинезе. Швеѓанецот со голот од пенал го сруши рекордот на Алесандро Костакурта и стана најстариот стрелец во историјата на Серија А.

Новинарите во Шведска по враќањето го запрашаа Ибрахимовиќ дали има намера да игра и на Европското првенство во Германија, а Ибра одговори во свој стил.

„Се чувствувам добро и секогаш кога е така и кога тренерот ќе ме избере, ќе се обидам да му помогнам на тимот. Мислам дека на мои години не можете да размислувате за иднината, туку морате да размислувате за сегашноста, иако јас сум минато, сегашност и иднина“, порача Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец во историјата на Шведска со псотигнати 62 гола на 121 натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот