Ибрахимовиќ со Пандев го освојува Скудетото!? (ВИДЕО)

twitter.com/Coral

Златан Ибрахимовиќ го прослави 38 роденден, но не планира наскоро да оди во пензија, дури и „најавува“ враќање во Серија А. На крајот од годината му истекува договорот со Лос Анџелес Галакси и за неколку месеци ќе биде слободен во изборот на својот нареден предизвик.

Во својата кариера во најсилното италијанско фудбалско првенство ги бранеше боите на Милан и Интер, со „неро-аѕурите“ трипати ја освои Серија А, двапати националниот Суперкуп, а со „росонерите“ по еднаш Серија А и Суперкупот на Италија.

Претходно се шпекулираше дека за услугите на шведскиот интернационалец е заинтересиран аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, но неговиот агент Мино Рајола веднаш демантираше трансфер. Имено, одличниот напаѓач на еден пријател му испрати водео со порака дека доаѓа во Џенова (на Горан Пандев) дека тој клуб конечно ја освојува титулата.

Џенова моментно сезонава не котира добро на табелата во Серија А, после шест одиграни кола се наоѓа дури на 18 позиција во опасната зона за испаѓање со пет бода, 13 помалку од лидерот Интер.

– Здраво Рики, дали си подготвен? Доаѓам во Џенова конечно да го освоиме Скудетото“ – се зборовите на Ибра во шеговит тон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот