Ибрахимовиќ со клучна улога во развојот на Рашфорд (ВИДЕО)

twitter.com/BBCMOTD

– Менталитетот на Златан Ибрахимовиќ…Ова е нешто што досега не сум го сретнал – се зборовите на англискиот репрезентативец.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ е веќе доста добро познат во англискиот и воопшто светскиот фудбал. Маркус Рашфорд дебитираше за Манчестер јунајтед пред пет години и со своите голови веднаш го привлече вниманието.

Англискиот репрезентативец го посочи и името кое имало значајна улога во неговиот досегашен развој. Станува збор за шведската легенда Златан Ибрахимовиќ со кој своевремено беше тимски колега во клубот од „Олд Трафорд“.  А свој придонес имаше и поранешниот менаџер Жозе Мурињо.

Неговиот менталитет…Ова е нешто што досега не сум го сретнал. Ибра не го интересираше за тоа што некој би рекол за него или што му зборува. Од гледна точка на карактер, тој беше најважниот во мојот развој – се зборовите на Рашфорд.

Швеѓанецот немаше шанси да игра долго на „Олд Трафорд” бидејќи се здоби со тешка повреда. После периодот во американскиот Лос Анџелес Галакси, се врати во редовите на Милан.

Рашфорд (22) со Јунајтед успеа да освои по една титула во ФА купот, Лига купот, ФА Комјунити Шилд и Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот