Ибрахимовиќ се враќа во Серија А, не смее да го одбие болниот пријател

Италијанските медиуми се убедени дека во филмско сценарио Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во Серија А. Неговиот менаџер Мино Рајола ја прифати понудата, и сега останува да се согласи самиот фудбалер да потпише за Болоња.

Сопственикот на Болоња, Џо Сапуто му понуди осум милиони евра за 18 месеци, а сумата ќе ја обезбедат спонзорите.

Иако ниту неговиот сегашен клуб Лос Анџелес галакси не се откажува, му нуди нов договор тежок седум милиони долари по сезона,но клучен фактор во изборот на новиот клуб на Швеѓанецот ќе биде Синиша Михајловиќ.

Србинот се бори се тешка болест, леукемија, а Болоња се наоѓа во средината на табелата во Серија А, но игра многу подобро кога Михајловиќ седи на клупата. Тој моментно се наоѓа во болница на трет циклус лечење со хемотерапија.

Самиот Ибрахимовиќ изјави дека не може да го одбие својот пријател кој му беше и тренер во Интер.
– Миха ме повика и ми рече да дојдам во Болоња. Сите ќе трчаат, а мое ќе биде да давам голови – изјави Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот