Ибрахимовиќ се потсетува на времето во Јувентус: Доколку тоа и го направија на првата ѕвезда, мене ќе ме убијат
Актуелниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, во интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за првото искуство во Серија А како фудбалер на Јувентус.
Ибрахимовиќ на 23-годишна возраст од Ајакс се пресели во Јувентус каде во тимот преполн со ѕвезди беше тотален анонимус.
– Кога пристигнав во Јувентус во 2004 година затекнав целосно поинаков менталитет од тој во Малме и во Ајакс, таму ве почитуваа, но во Јувентус вие сте еден од многумината. Се уште се сеќавам на дуелот помеѓу Александро дел Пјеро и Лилијан Турам. Дел Пјеро беше ѕвезда во Италија, но на еден тренинг додека ја имаше топката, Турам од зад грб му направи лизгачки старт и го собори на земја. Тогаш си помислив, штом така се однесува кон Дел Пјеро, тогаш мене ќе ме убие, јас бев никој и ништо. Сите тренинзи во Јувентус беа такви, силни, силни и само силни – открива Ибрахимовиќ.
Златан беше дел од Јувентус од 2004 до 2006 година кога си замина од тимот по скандалот Калчополи по кој „старата дама“ беше исфрлена во втората лига.
Кога то пристигна во Јувентус тренер му беше Фабио Капело и на првата средба со него научи една важна лекција.
– Првата средба со Фабио беше подобра од приказните кои ги слушав. Читаше „Газета дело Спорт“, а пред првиот тренинг влегов во неговата канцеларија и му реков „добро утро господине“ бидејќи ми рекоа дека тоа е традиција. Тој продолжи да го чита весникот, сврте нова страница и потоа се напи кафе. Стоевме така 15-20 минути и не добив никаков одговор, потоа го затвори весникот и си замина. Направи да се чувствувам како никој и ништо. Потоа ми кажа: Немој да прашуваш за респект, заработи го“. И успеав во тоа – вели Ибрахимовиќ.
Дека во генот на Јувентус се победите, потврди и средба со тогашниот директор Лучано Моџи.
– Седум дена подоцна трениравме на Сиспорт каде имаше два терени, но тушевите не работеа најдобро. Кога ќе дојдете во Јувентус се е фантастично, но наместо тоа се туширав со Давид Трезеге и уште двајца играчи и си помислив – човеку ова е ср**е. Моџи беше надвор и му реков: Ова не е нормално да се случува, ние сме Јувентус. А тој ми одговори: Мораш да знаеш дека тука не си за да се чувствуваш добро, туку за да победиш. Неговиот одговор ми стана правило: победувањето е се.