Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан

Златан Ибрахимовиќ/ Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со „росонерите“, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според новиот договор, 39-годишниот фудбалер на „Сан Сиро“ ќе остане до крајот на сезоната 2021/22 и ќе заработи седум милиони евра.
Актуелниот договор на Златан Ибрахимовиќ истекува на 30 јуни годинава, но челниците на Милан одлучија да ја продолжат соработката со својот најдобар стрелец и за наредната сезона.

Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна исто толку голови во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот