Ибрахимовиќ: Наскоро се гледаме во Италија!

twitter.com/En24News

Златан Ибрахимовиќ потврди дека ќе се врати во Италија по добивањето на голем број на понуди. Ветеранот изјави за „GQ Italia“ дека ќе му се придружи на клуб кој мора да се врати на победничките патеки.

Извештаите во Италија тврдат дека ја одбил можноста да се врати во Премиер лигата за повторно да му се приклучи на Милан.

Пред шест дена беше објавено дека неговата статуа гореше во Малме, тамошните навивачи не можат да се помират со фактот дека нивниот идол ќе биде еден од акционерите на најголемиот ривал на Хамарби.

Шведскиот фудбалер навести дека е на работ на сензационално враќање во дресот на „росонерите“.

Иако се шпекулира дека има понуди од неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, и од Тотенхем, одлучи да се врати на Апенините.

Своевремено 38-годишниот играч во својата кариера во Италија, освен во Милан, беше дел од Јувентус и Интер, а овој период освен Англичаните, и две калчолигашки екипи покажаа интерес за неговите услуги, Наполи на нашиот Елиф Елмас и тимот на Болоња.

Се очекува дека ќе му се придружи на Милан на крајот од сезоната, за клубот од „Сан Сиро“ кој повторно има лоша сезона, се обидува најде вистински спонзор.

– Ќе му се придружам на клуб кој мора да им се врати на победите, кој мора да ја обнови историјата и е во битка против секого и сè. Ова е единствениот начин на кој ќе можам да ја најдам потребната мотивација повторно да ве изненадам. Не станува збор за само за избор на тим, бидејќи има и други фактори кои се клучни, вклучително и интересот на моето семејство. Се гледаме наскоро во Италија – се зборовите на Ибра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот