Ибрахимовиќ на суд поради расизам, Лукаку повикан како сведок!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Според италијанските медиуми, Златан Ибрахимовиќ, фудбалерот на Милан бил испитуван од членовите на обвинителството во присуство на неговиот адвокат Фабио Еспосито. На сослушување мораше и членот на „неро-аѕурите“ Ромелу Лукаку, како и судијата од тој натпревар, Паоло Валери.

Следната недела се очекува да бидат бидат познати казните, а доколку се докаже дека Швеѓанецот расистички го навредувал Белгиецот, му се заканува суспензија.

Да потсетиме, Златан го одбележа полуфиналето на Купот на Италија, бидејќи на тој натпревар успеа да постигне гол, се судри со Ромелу Лукаку, „размени“ тешки навреди со напаѓачот на Интер, а потоа доби црвен картон за груб старт врз Коларов.

Милан на крајот го загуби овој меч, а скандалозниот конфликт со Лукаку сè уште е во центарот на вниманието во Италија. Сега Златан мораше да оди во државното обвинителство на сослушување.

Засега е казнет само со еден натпревар да не игра во купот, но можно е подолго да паузира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот