Ибрахимовиќ: Лесно му е на Буфон, тој само стои, јас морам да се движам!

Фото: facebook.com/ACMilan

Златан Ибрахимовиќ зборуваше за италијанските медиуми за тоа колку е физички подготвен на 39-годишна возраст, и тие се обидоа да го споредат со Џанлуиџи Буфон, легендарниот голман, кој и натаму е активен и планира да остане уште долго.

– Лесно му е, тој само треба да застане во место и да ги блокира ударите, јас треба да се движам. Морам да се движам и да креирам, мора да бидам во можност да шутирам и да се ослободам од дефанзивецот – рече Ибра, членот на Милан.

Тие го споредија со Бенџамин Батон, лик од филмот кој не старее, но постојано се подмладува.

– Јас сум подобар од Батон затоа што сум жив пример. Бенџамин Батон е само измислена приказна, а јас сум човекот според кој може да се снима таков филм. Живеам вистински филм, а Бенџамин Батон е само филм во киносалите – додаде Швеѓанецот.

Воедно имаше и интервју објавено на сајтот на Европската фудбалска куќа (УЕФА) околу тоа кога би можеле фановите да очекуваат тој да ја заврши професионалната кариера.

– Додека можам да играм, ќе настапувам на највисоко ниво, на денот кога нема да можам – ќе прекинам, затоа што треба да се чувствувам жив. Морам да чувствувам дека придонесувам нешто на теренот. Не сакам да имам никакви предности затоа што имам 39 години – се зборовите на Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот