Ибрахимовиќ го однесе Милан во Лигата на Европа (ВИДЕО)

epa08573243 Milan's Zlatan Ibrahimovic (R) scores the 0-3 goal during the Italian Serie A soccer match between UC Sampdoria vs AC Milan at the Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 29 July 2020 EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Фудбалерите на Милан обезбедија пласман во Лигата на Европа откако во претпоследното коло од Серија А со 1:4 ја совладаа Сампдорија.

Херој на Милан беше Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола, првиот го постигна уште во четвртата минута кога го искористи нафрлувањето од Анте Ребиќ. Предноста ја дуплираше Хакан Чалканоглу во 54. минута по асистенција на Ибрахимовиќ. Четири минути подоцна Чалканоглу му се оддлолжи на напаѓачот и му овозможи да го постигне својот втор гол за водство на Милан од 0:3 со што беа решени дилемите околу победникот. До крајот и двете екипи постигнаа по еден гол, Аскилдсен го постигна почесниот гол за Сампдорија, додека победата на „росоњерите“ ја завери Леао во судиското продолжение.


Екипата на Лече ги задржа шансите за опстанок во Серија А откако го совладаа Удинезе со 2:1.
Со оваа победа Лече дојде до 35 бода, само еден помалку од Џенова на Горан Пандев која загуби со убедливи 5:0 на гостувањето кај Сасуоло. Во последното коло Лече ја пречекува Парма, додека Пандев и Џенова играат на домашен терен против Верона.
Лацио со 2:0 ја совлада Бреша, а натпреварот го одбележа Чиро Имобиле кој го постигна вториот гол за „лацијалите“ со што дојде до 35. гол сезонава и стана најдобар стрелец во Европа.

Резултати:
Лацио – Бреша 2:0
Сампдорија – Милан 1:4
Сасуоло – Џенова 5:0
Удинезе – Лече 1:2
Верона – Спал 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот