Ибрахимовиќ главен актер на Дерби дела Мадонина (ВИДЕО)

Второто најголемо дерби во италијанскиот фудбал, популарното Дерби дела Мадонина помеѓу Интер и Милан заврши со триумф на „росоњерите“ од 1:2.

Главен актер на миланска пресметка беше Златан Ибрахимовиќ, кој на првиот натпревар откако се опорави од коронавирусот, ги постигна двата гола за Милан.

Првиот гол го постигна веќе во 12. минута. Ибрахимовиќ беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник од Коларов, и сам ја презеде одговорноста да го изведе пеналот, неговиот шут го одбрани Хандановиќ, а до одбиената топка прв дојде напаѓачот на Милан и без проблеми ја смести топката во мрежата.
Четири минути подоцна, Милан веќе има водство од 0:2 и повторно стрелец е Ибрахимовиќ по одличната асистенција на Рафаел Леао.
По почетниот шок, фудбалерите на Интер се созедоа, ја презедоа иницијативата и во 28. минута преку Ромелу Лукаку намалија на 1:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Прочитајте и...  Алушовски: Порто добро ја простудира нашата игра, затаивме во нападот

По победата над градскиот ривал, Милан остана единствен тим кој има максимален учинок по четири кола во Серија А, додека Интер засега е шести на табелата со седум бода.

Екипата на Сампдорија изнеандувачки лесно со 3:0 го победи Лацио
кој игра очајно на стартот од новата сезона. Кваљарела, Аурелио о Дамсгард беа стрелци на головите за Сампдорија која сега има шест бода, додека Лацио има само четири бода и се наоѓа на 11. позиција на табелата.

Поврзани вести

ВИДЕО: Македонецот пред Ландин, Митревски повторно со најдобрата одбрана во ЛШ!

Слободен печат

Пике: Лео, издржи уште една година, ќе дојдат нови луѓе во Барса!

Слободен печат

ВИДЕО: Митревски и Ристовски во одлична форма пред „мисијата“ ЕП 2022!

Слободен печат

„Ел Класико“ ќе каже многу за иднината на Зидан во Реал!

Слободен печат

Ѓоковиќ на две победи од историја

Слободен печат

ВИДЕО: Бод за Адеми, Милан го освои Глазгов, успешен и Тотенхем!

Слободен печат

Остави Коментар