Ибрахимовиќ е „гладен“ за ново Скудето!

twitter.com/Coral

Златан Ибрахимовиќ во интервјуто за италијанскиот весник „Ла газета дело спорт” говореше на многу теми поврзани со италијанскиот фудбал и ја одвои опцијата дека би можел да направи „кам-бек“ во Серија А.

Шведскиот интернационалец сега го носи дресот на американскиот клуб Лос Анџелес галакси, а 38-годишниот Ибра кој играше за Јувентус, Интер и Милан во декември ќе биде слободен агент.

– Имам 38 години, но играм со ист ентузијазам и желба за победа како кога бев дете. Италија е мој втор дом. Ако се вратам, би играл за тим кој се бори за скудетото. Можам да придонесам за титула, не сакам да ме гледаат како атракција, како животните во зоолошка градина – рече Ибрахимовиќ.

Додаде и дека Јуве е фаворит и сезонава за титулата во Италија, но во Лигата на шампионите е поинаку и не зависи сè од потенцијалот на тимот, туку и од други фактори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот