Ибрагимов: Нуров ќе ѝ донесе медал на Македонија, најважно е да верува во себе

Репрезентативецот во борење Могамедгаџи Нуров на олимпискиот турнир во Токио треба да настапи на 6 август во категоријата до 97 килограми.
Нуров до поаѓањето за Токио се подготвува во Владивосток, Русија, со руската репрезентација.
– Еднаш дневно правиме полесни тренинзи и спаринг. Климата во Владивосток одговара на онаа во Токио (многу влажна), така што тука се аклиматизираме за тоа што нѐ чека во Јапонија. Нуров тука тренира со руската репрезентација и тоа е многу добро, како што нагласуваат и од рускиот табор – вели неговиот тренер и освојувач на бронзениот медал за Македонија од Олимписките игри 2000 година во Сиднеј Могамед Ибрагимов за „ipon.mk“.
Нуров темпираше формата на два турнири во Полска и Италија, на Апенините го освои првото место.
Како што е објавено и претходно Нуров е во Топ 4 фаворити за освојување на медал во својата категорија до 97 килограми.
Ибрагимов верува дека македонскиот олимпиец е подготвен да освои медал во Токио, најважно е само да верува во себе:
– Рангирањето на Нуров од Обединетото светско борење во првите четири е големо признание и многу значи за него. Нуров може да победи кој било, а Садулаев, Снајдер и Иранецот се изразити фаворити во неговата категорија – додава Ибрагимов.
Костовски: Георгиевски ти си посебен, Македонијо се гледаме горди и достоинствени на плоштад
Табела на медали: Дејан Георгиевски ја стави Македонија меѓу освојувачите на трофеи