Ибра за најтешките моменти во животот: Брат ми престана да дише пред моите очи!

Златан Ибрахимовиќ, шведскиот фудбалер на италијанскиот клуб Милан/Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и поради тоа што сè уште игра фудбал, иако тој одамна влезе во својата петта деценија од животот. Но, многумина го знаат како лав, како некој кој многу ретко плаче и покажува емоции. Меѓутоа, сега се чини дека тоа се промени.

Имено, овој шведски фудбалер во интервјуто за „Кориере дела сера“ ги откри своите најтешки моменти од животот, а многумина не знаат дека неговиот брат Шапко починал пред седум години.

Еве ги прашањата и одговорите на голгетерот на фудбалскиот клуб Милан:

На кој јазик размислувате?

– Зависи. На теренот тоа никогаш не е шведски, тоа е премногу фин јазик, а таму треба да се биде пргав. Така мислам на јазикот на словените. Понекогаш на англиски или италијански.

Дали се чувствувате како Швеѓанец?

– Јас сум Швеѓанец, но исто така сум од мешана раса: мајка ми е Хрватка и католик, татко ми е Босанец и муслиман, најголемиот дел од мојата кариера ја живеам во Италија…

Дали веруваш во Бог?

– Не. Јас верувам само во себе.

Дали верувате во задгробниот живот?

– Не. Ова е живот. Кога си мртов, мртов си. Не знам ни дали сакам погреб и гроб, да не страдаат тие што ме сакаа.

На што најмногу се сеќаваш од детството?

– Југославија. Ме носеа како дете, со кола, со воз… Имаше уште комунизам. Друг свет.

По што сеќавате на војната во Југославија?

– Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести за тоа како некој познат умрел. Им помагаше на бегалците. Секогаш се трудеше да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска, не ме пушти на погреб. Но, кога брат ми Шапко почина од леукемија, отидов. Брат ми престана да дише пред моите очи. Го погребавме според муслиманските обичаи. Татко ми не пушти ни солза. Следниот ден отиде на гробиштата и плачеше од утро до вечер. Сам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот