Ибра: Ова не е „големиот Милан“, не сум играч за Лига Европа!

фото: твитер

Има 38 години, но и натаму има клучна улога во клубот од „Сан Сиро“ кој има одлични резултати во вториот дел од сезоната…

На седум кола до крајот на сезоната, екипата на Милан се наоѓа на седмото место со 49 бодови и моментно е во борбата за една од позициите кои водат на меѓународната сцена следната сезона.

Петтото место носи директно учество во групите на Лига Европа, а шестото квалификации за ЛЕ.

„Росонерите“ веќе ги загубија шансите за Скудетото, но не и шансите да се најдат од второто до четвртото место на табелата (Лацио 68 бодови, Аталанта 66, Интер 65), позиции кои носат групи на Лига на шампиони.

Клубот од „Сан Сиро“ има одлични резултати, во последните четири кола запиша победи против Лацио, Рома и Јувентус, што претходно не можеше ниту да се замисли.

Златан Ибрахимовиќ (38) е еден од клучните играчи кој прави разлика на теренот, постигнува голови, дели асистенции.

Во зимскиот период после успешните разговори со Бобан и Малдини и потпиша договор до крајот на сезоната со можност дека соработката ќе биде продолжена на уште една година.

Трката за титулата сè уште е отворена: Јувентус не го искористи подарокот од Лацио (ВИДЕО)

Зошто се вратив? Само од страст, скоро играм за џабе. Ми рекоа дека збогувањето во САД би било многу лесно, затоа се вратив во Милано. Јас сум тука заради мојата страст кон фудбалот и кога сето ова се случуваше со вирусот, се чинеше како нешто да ми кажува дека треба да заминам во пензија – рече Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот е во одлична форма, и покрај неодамнешната повреда.

Тоа е Ибра. Ибра е роден да игра фудбал и е најдобар кога игра фудбал. Гледам што се случува во клубот, доколку во иднина биде вака, нема да ме видите повторно тука. Ибра не е играч за Лига Европа. Милан не е клуб за Лига Европа. Ова не е „големиот Милан” што некогаш го гледав, но мора да направиме сè до крај. Тоа им го кажав. Моравме да се објасниме – додаде напаѓачот.

Ибрахимовиќ додаде дека ќе отиде некаде каде ќе има одредена контрола, како и дека повеќе не верува во зборови.

На прашањето за можниот нов тренер на Милан, Ралф Рангник, Ибра одговори:

– Кој е Рангник? Јас не знам ни кој е тој! 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот