Ибра и официјално се раздели со ЛА Галакси (ФОТО)

twitter.com/Coral

Шведскиот фудбалски ас го потврди своето заминување од американскиот МЛС клуб на својот „Твитер“ профил.

– Дојдов, видов, освоив. Ти благодарам ЛА Галакси што ме натера повторно да се чувствувам жив. Го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Нема на што. Приказната продолжува…Сега вратете се да гледате бејзбол – напиша 38-годишниот Ибра на Твитер.

Ибрахимовиќ во Лос Анџелес Галакси дојде минатата година, а во сезоната постигна 31 гол во исто толку одиграни натпревари.

Сеуште не е познато дали и каде Швеѓанецот ќе ја продолжи фудбалската кариера.

Досега неколку европски клубови покажаа интерес за неговите услуги, меѓу нив се Наполи на нашиот Елиф Елмас, како и поранешните клубови Милан и Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот