Ибра: Доколку Погба сака да си оди, пуштете го!

EPA-EFE/PETER POWELL

Летово доста се говори околу неговата иднина, дали ќе остане на „Олд Трафорд“ или пак една од понудите кои доаѓаат од Реал Мадрид и Јувентус.

И самиот играч истакна дека има желба да си замине од Јунајтед сигнализираше дека сака да го напушти „Олд Трафорд, а според шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ, клубот мора да ја исполни неговата желба.

– Доколку тој не сака да остане, нема смисла да го задржат. Ако сака да игра на друго место, нека оди. Искористете ја ситуацијата и донесете играч кој сака да игра овде. Во соблекувалната, играчите се почитуваат едни со други, се разбираат едни со други. Секој клуб треба да се грижи доколку има фудбалер кој не сака да биде таму затоа што нема да дава 100 или 200 проценти. Дури и ако игра на ниво, ако не сака да остане, ситуацијата е доста подмолна. Клубот треба да ја најде најдобрата опција во оваа ситуација – рече Ибрахимовиќ.

Ваков сличен совет изминатиот период имаше и Марко Верати за својот досегашен соиграч од редовите на ПСЖ, Бразилецот Нејмар кој се поврзува со враќање во Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот