Ибра: Доколку од првиот ден играв за Милан, ќе бевме шампиони!

фото: твитер

Шведскиот интернационалец после вчерашниот триумф против Јувентус вели дека доколку се наоѓаше во составот на „росонерите“ од почетокот на сезоната, ќе се најдеа на врвот.

Златан Ибрахимовиќ еднаш се запиша во листата на стрелците во победата над Јуве со резултат 4:2.

Јас сум стар, тоа не е тајна! Но, возраста е само број. Работам добро, добивам време за играње. Се чувствувам добро и да бидам искрен се трудам да му помогнам на клубот. Доколку бев тука од првиот ден во сезоната, ќе го освоевме Скудетото – рече Ибрахимовиќ.

38-годишниот играч на „Сан Сиро“ дојде на почетокот од 2020 година, откако претходно од 2018 играше во САД за екипата на Лос Анџелес галакси.

На табелата на седум кола до крајот на сезоната води „Старата дама“ со 75 бодови, седум повеќе од второпласираниот Лацио, додека Милан е на петтото место со 49 бодови.

Трката за титулата сè уште е отворена: Јувентус не го искористи подарокот од Лацио (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот