ИБМ создаде нов супербрз чип од два нанометри: Ќе биде 75 отсто побрз од стандардниот

 Американската технолошка компанија ИБМ, објави дека создала прототип на првиот во светот супербрз чип со големина од два нанометри. Новиот чип ќе биде 75 отсто побрз од стандардниот од седум нанометри а енергијата што ќе ја употребува е иста. При истото ниво на процесирање, чипот од два нанометри ќе употребува 45 отсто помалку електрична енергија.

Од ИБМ изјавија дека паметните телефони со чип од два нанометри можат да работат без напојување до четири денови, а нивното користење на серверите ќе овозможи намалена потрошувачка на електрична енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот. Исто така, новиот чип ќе биде користен и во беспилотните автомобили, кратејќи го времето неопходно за обработка на податоци.

Сериското производство треба да започне кон крајот на 2024 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот