Иако вети дека ќе прекине, тајванскиот Aцер и испорачува компјутерски компоненти на Русија

Тајванскиот производител на компјутери Aцер испорача компјутерски компоненти во Русија во вредност од најмалку 70,4 милиони долари во периодот од 8 април 2022 година до 31 март 2023 година, откако соопшти дека ќе ги прекине своите операции таму. Иако не е незаконски, дејствијата на Aцер се во спротивност со оние на клучните западни ривали како што се Делл и ХП, кои ги суспендираа пратките во февруари и април 2022 година, по целосната инвазија на Москва на Украина, покажуваат царинските записи, пренесува Ројтерс.
аписите покажуваат дека опремата произведена од Aцер била испорачана во Русија и преку подружницата на Aцер во целосна сопственост регистрирана во Швајцарија и преку бројни услуги за испорака нарачани од таа подружница.
Бидејќи пратките беа испратени надвор од Тајван, тие не ги прекршиле санкциите на земјата против Русија. Исто така, пратките не вклучуваат предмети кои во моментот на извозот биле ограничени од швајцарскиот режим на санкции, што го отсликува оној на Европската унија. Запрашан за последователниот извоз во Русија преку швајцарската подружница Ацер Сејлс Интернешнл СА, тајванскиот Aцер рече дека тие строго се придржуваат до важечките меѓународни регулативи и трговските закони во врска со извозот во Русија.
Се додава дека швајцарската подружница „не испорачала ниту еден лаптоп или десктоп компјутер во Русија од 8 април минатата година“, но дека испорачала „ограничен број екрани и додатоци на рускиот пазар за цивилна секојдневна употреба, истовремено обезбедувајќи усогласеност со меѓународни санкции“.